|
21 / Македонон / 2003 Македонија
Го прашале Василеос Филип Македонски кои луѓе највеќе ги сака, а кои највќе ги мрази.
Македонскиот владетел Василеос Филип Македонски одговорил:
'' ТИE ШТО МОЖАМ ДА ГИ КУПАМ, НАЈМНОГУ ГИ САКАМ,... ТИE ШТО СУМ ГИ КУПИЛ, НАЈВЕЌЕ ГИ МРАЗАМ ''.
Првиот државен грб на Македонија после долги векови ропство
Грб на Народна Републка Македонија од 27 јули 1946.
Грбот е со пејзажна композиција.
На него е прикажано сонце, пред коешто е планината Пирин. Во подножјето тече реката Вардар и се влива во Егејското Море. Грбот е обиколен од житно класје, тутун и афион, а на дното е традиционален македонски вез на којшто е испишано Н.Р. Македонија. На врвот од грбот е поставена црвена петокрака
Првиот државен грб на Македонија е промовиран на Второто заседание на Народното собрание на Народна Република Македонија, одржано на 27 јули 1946 година. Тогаш е донесен Законот за грбот на НРМ и во неговиот прв член е дефинирано:
„ Грбот на Народна Република Македонија претставува поле опкружено со житно класје, испреплетено со плодови афиони со тутуново лисје, кои се народни мотиви. На лентата е испишано НР Македонија, меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце “.
Bо работата на македонскиот парламент тогаш во разни својства учествувале:
Методија Андонов - Ченто,
Панко Брашнаров,
Павел Шатев,
Димитар Влахов и
Богојe Фотев, кој бил претседател на Президиумот на Народното собрание.
Весникот „Нова Македонија“, два дена подоцна, го објавува овој закон заедно со цртеж на грбот и официјалното собраниско толкување на амблемот на грбот.
Во текстот пишува:
„ Грбот на Народна Република Македонија е симбол на слободата и братството на македонскиот народ и богатството на македонската земја. Житните класје, плодовите на афионот и листовите тутун ги претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија.
Петокраката ѕвезда ја симболизира народноослободителната војна со која македонскиот народ ја доби слободата.
Народниот мотив на лентата ги изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина, која била центар на народноослободителните војни во минатото, а реката што тече е реката Вардар, најпознатата македонска река во републиката.
Пирин и Вардар истовремено ги претставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување.
Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија ''.
За да Лазар Колишевски стане главен на КПМ и ѓи отстрани своите ривали, морал да има сојузници кој ѓи нашол во некои србски комунисти евентуално и Тито, кои нашле сојузник во Лазар К. за да се сопре обединувачката еуфорија кај македонците, која била нај силна во тоа време од 1944 - 1950, кај македонскиот народ. Таа политичка амбиција Лазар К. морал да ја плати на сметка за некои територијални отстапувања во корист на НР Србија за сметка на НР Македонија. Така пропаѓа последната прилика Македонија да се обедини.
За да згасне македонскиот ''обединувачки пламен'', рељефот од тогашниот Македонски ГРБ, Планината Пирин бил заменет со Шар Планина или Кораб, а комплетно е исфрлена лентата на која стои натписот ''НР Македонија''.... значи повторно сеење на семето на повеќе вековното негирање на името на Македонија и македонскиот идентитет. Hа македонските борци во Егејскиот Дел на Македонија и била уќината секоја воена помош и контакт со своите соборци од НР Македонија.... со затворање на границата,... Методија Андонов - Ченто бил неправедно осуден и затворен,.. наводно дека бил грчки шпион, Панко Брашнаров на педесет годишна возраст бил осуден и пратен на Голи Оток,. по интелиѓентните македонски комунисти биле пратени во служба во Белград ,.. што подаалеку од Македонија и и било забрането да се враќаат во Македонија и да делуваат во Македонија,.. таков е и случајот со индиот прецедател на Р. Македонија Киро Глигоров (евидентно е дека е и тој замешан во многу кеиминални дела), многу ефикасен начин измислен од Тито... и ред други работи....
Бугарија тогаш била под водство на Ѓорѓи Димитров, кој бил Македонец и бил за обединување на Пиринскиот дел кон останатите делови на Македонија,..евентуално бил и за некоја Балканска федерација ,.. федерација на која Тито се спростиставил, бидејки Сталин бил лидер на сите комунисти во светот,,.. тоа значело дека Тито ќе би бил ставен во позадина на просторите на екс републиките oд СФРЈ.... а Тито сакаше да биде прв насекаде во поранешната СФРЈ.
Сепак помошта не можела целукупно да биде укината, на просторите на тогашна НР Македонија, биле формирани воени болници каде биеле негувани македонските ранетите борци од Егејска Македонија.
Првиот државен грб на Македонија, cо години по неговото донесување во 1946 година сѐ уште е обвиен со хералдичка магла од ''учениците'' на Лазар Kолишевски и Тито.
Постојат дилеми за тоа кој е неговиот автор. Не се знае ниту како една година по неговата употреба прекуноќ е воспоставено ново решение, кое драстично отстапува од оригиналното. Планината Пирин, аплицирана во централниот дел на грбот, прекуноќ станува Шар Планина или Кораб, а комплетно е исфрлена лентата на која стои натписот НР Македонија.
Чудото да биде поголемо, со првата варијанта на грбот е оверен првиот Устав на тогашна Македонија, а на восочниот печат со кој е оверен највисокиот државен акт стои втората варијанта на '' грбот''.
Манастирот Прохор Пчински
Манастирот Прохор Пчински треба да биде духовен, историски и културен центар и темелник на заедничкиот живот на двата православни народи Македонскиот и Српскиот и на двете самостојни православни цркви Македонската и Српската црква. Тука не треба да постои гранична меѓа на раздвојување на двете држави на Република Македонија и на Србија и Црна Гора, туку напротив слободен премин на добрососедски пријателски народи и нормална државна и црковна комуникација.
Историската документација, научните публикации, картографијата потврдува дека манастирот Свети Прохор Пчински изграден е во 11 век, а додека обновуван е во 14 век. За статусот на манастирот и имотот со кој располагал ќе се навратиме на минатиот 20 век и сегашноста.
Врз основа на Букерешкиот мировен договор од 10 август 1913 година била санкционирана поделбата на Македонија помеѓу кралствата на Грција, Србија и на Бугарија. Вардарска Македонија нарекувана јужна Србија во периодот 1922- 1927 година се уредува да биде под поголемо влијание на кралска Југославија односно на кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Вардарска Македонија била поделена на три области: Скопска, Битолска и Бегалничка. Во Скопската област влегувале 11 околии, меѓу нив: Качаничката (Качаник), Кривопаланечката (Крива Паланка), Прешевската ( Прешево) и Жеглиговската ( Куманово).
Во окопираниот дел на Вардарска Македонија, тогаш наречена јужна Србија, кралските воени геодети ја делат македонската земја по катастерки операти, како и селото Пелинце - Кумановско и селото Старац, во чии атар по мерењето на воените геодети се наоѓа манастирот свети Отец Прохор Пчински со дел од манастирскиот имот. Селото Старац припаѓа на Прешевската околија.
Манастирскиот имот се протега и во селата Спанчевац, Клиновец, Кленика и сите тие спаѓаат во прешевска околија, Тибужде се наоѓа во Врњска околија, селата Коинце и Пузаљка - Кумановско. Од недвижностите манастирот во имотот има една двокатна зграда во Бујановац. Во Кленика се наоѓаат два дуќана со по две одделенија, два дуќања со по едно оддление, една магаза со едно одделение, една станбена зграда со одделение и визба се наоѓаат во истото место.
Манастирот од недвижен имот имал една куќа во Куманово на улица Х. Димчевски и четири приземни куќи во Скопје.
Постои тапија за манастирскиот имот кој е заведен на 17.08.1923 година во тогашниот суд на Општината на Градот Скопје, на крлаството на Србите, Хрватите и Словенците. Каде што во оваа тапија точно се утврдува местоположбата на четирите згради и останатиот придружен имот односно земја.
Како што е познато на 2 август 1944 година во свечената сала на манастирот Свети отец Прохор Пчински се одржа заседанието на АСНОМ со кое македонскиот народ ја возобнови својата Македонска држава.
Во мемоарскиот запис на претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто, покрај другото, ќе забележи:
,.....Во исто време, многу доселеници, колонисти и чиновници, кои беа дојдени во Македонија меѓу двете светски војни, а за време на војната се вратија во Србија почнаа да идат во Македонија. Тогаш помислив, ако неможат да дојдат оние кои што се родија овде, не треба да се вратат ни оние, кои ги насели бившиот Југословенски режим. Затоа на истата седница на Президиумот го постави прашањето дали во Македонија можат да се враќаат србите доселеници и чиновници, кога не смејат да се вратат македонците, кои емигрирале од теророт од кралството на Југославија.
Президиумот го прифати предлогот да не им се позволи слободно да влегуваат на македонска територија. Така се случи да тие повратници беа задржувани во Ристовац, на границата меѓу Македонија и Србија. Веста за тоа стигнала во Белград, каде што почнало да се манипулира дека во Македонија владее антисрпско расположение. За тоа и за други важни работи ми пиша Мане Чучков кој беше испратен во националниот комитет за ослободување на Југославија, како претставник од Македонија,....
Од цитираниот фрагмент на мемоарскиот запис, а кој се однесува за крајот од 1944 година несомнено се потврдуваат две работи. Првата работа е дека границата помеѓу Македонија и Србија била кај градот Ристовац. Втората работа е тоа дека настанал сериозен и непремослив судир помеѓу Ченто и секретарот на комунистичката партија Лазар Колишевски. Освен за ова за грев му се земало на Ченто што го поставил прашањето за обединување на Македонија. Ченто поради таквото однесување и барање ќе биде осуден на 11 години робја во монтиран судски процес во 1946 година.
Сеќавањата на нашиот прв претседател Ченто се објавени во мемоарската книга ,,Мојот татко - Методија Андонов Ченто,, која излезе во печат 1999 година. Во тие времиња Лазар Колишевски беше секретар на ЦК на КПМ во период од март 1943 до јули 1963 година.Покрај партиска едновремено Колишевски има неограничена државна моќ како претседател на македонската Влада од 16 април 1945 година до 19 декември 1953 година.
Во 1945 година Президиумот донесува Закон за територијална поделба на Македонија на окрузи, а Владата таа проблематика ја регулира со Уредба за определување на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околиите и месните народни одбори. Со донесување на овој подзаконски акт на тогашната влада се испуштени териториите односно околиите: Качаничката, Прешевската, Бујановачката, Трговишката односно дел од Козјачката околија.
Месец февруари 1946 година владата на Србија донесува одлука со која манстирот Свети Прохор Пчински бил предмет за утврдување на објект за аграрна реформа со неговиот имот селото Старац - Прешевска околија.
Генералниот секретар Митар Бакиќ се обраќа со писмо К.бр.1181 од 15 мај 1946 година до македонската влада во врска со територијалното разграничување на народните републики во врска со измена на заедничките административни граници.
Помошникот на генералниот секретар Киро Глигоров испраќа уште едно ургентно писмо на 6 август до македноската влада во врска со проблемот за корегирање на административните граници помеѓу НР Македонија и НР Србија. По повод ваквата расписка меѓу федералната влада и македонската влада, претседателот на народнио одбор во Скопје Пешев се обраќа со писмо од 27 декември 1946 година до македонската влада, во кое покрај другото споменува:
- Во врска со Козјачката околија, таму нестанува збор за припојување или за издвојување на некои села. Прашањето е само за манастирот Прохор Пчински, кој како географска така и од општопознатите историски причини би требало да потпадне под НР Македонија.
- Манастирот Прохор Пчински ( само како манастир ) да се одвои од НРС ( Прешевска околија ) и да се присоедини кон НРМ (Козјачка околија).
- Манастирот Прохор Пчински, односно поголемиот дел од неговиот имот (шума, ораници) се наоѓа на територијата на НРМ, додека манастирот со мал дел од имотот се наоѓа на територијата на НРС. Бидејќи во тие краеви не станува збор за префрлување на некои села, предлагаме манастирот порадиопштопознатите историски причини ( од важност за НРМ ) да се приклучи кон НРМ.
Во интервју од 7 септември 2005 година во дневниот весник ,, Дневник,, поранешниот претседател Киро Глигоров посведочува, ќе го каже следното:
,, Историски гледано тој е наш манастир и околу тоа не би требало да има некој спор. За тоа и првото заседание на АСНОМ беше одржано таму. Кога се постави прашањето каде да се одржи заседанието, Михајло Апостолски предложи да биде таму бидејќи тоа е наш манастир кој може многу лесно да се брани.
Во повоените документи и карти нема дилеми дека манастирот беше на наша територија. Сега се поставува прашањето како се случило да биде отстапен, како наеднаш се случи да се најде во друга република.
За тоа треба да се приберат податоци и да се искаже науката.
Кога бев повереник за финансии во Президиумот на Македонија повеќе пати сум одел во Бујановац за наплата на даноци. Ми се случило претседателот на градот да одбие да се уплатуваат даноци во Македонија. Ми кажа: Ние чекаме да дојди нашата држава вие не сте нашата држава.
Кога бев претседател наредив да се пребараат архивите на претседателството околу тој случај но не се најде ништо. Се бараше и во архивите на Собранието на РМ, во Владата, бидејќи за такво отстапување мораше да има некаква одлука. Но , немаше ништо.
Се поставува прашањето кој можеше да го направи тоа, не тврдам, но мислам дека тоа можеле да го направат само тогашните неприкосновени партиски раководители на Србија и на Македонија Благоја Нешковиќ и Лазар Колишевски во нивен договор. Претпоставувам дека таков договор направиле во име на тогашното братство и единство,,.
Поконкретно решавање на статусот на манастирот ќе биде особен интерес во времето на премиерот Љубчо Георгивски на владата, претседателот на државата Борис Трајковски и претседателот на парламентот Стојан Андов во 2001 -та година, кога повторно се постави прашањето за протегање и опис на државната граница помеѓу Репулика Македонија и СР Југославија односно државата Србија и Црна Гора.
Договорот за протегање на границита помеѓу двете држави потпишан од претседателот Борис Трајковки и претседателот Војислав Коштуница на 23 февруари 2001 година во Скопје. Тој се заснова на повеќе меѓународни принципи, стандарди и Повелбата на ОН .
Иако одредбите на договорот имаат иста правна важност, во оваа прилика ќе се цитираат следниве членови:
- Договорните страни спогодбено ќе ги регулираат односите во врска со одржувањето, обновувањето и обележувањето на граничната линија и граничните белези, спречувањето и решавањето на граничните инциденти и регулирањето на малограничниот сообраќај на лица, како и за непреченото користење на недвижниот имот кој останува од другата страна на граничната линија, од страна на носителите на стварни права врз него - (6).
- Договорните страни во врска со културно - историските споменици и спомен обележја на територијата на двете држави - манастирот Св. Прохор Пчињски, српските војнички гробишта и др., ќе склучат посебен меѓудржавен договор во кој ќе бидат утврдени модалитетите на нивното обновување, одржување и непречен пристап на граѓаните на двете земји - (7).
Кон Договорот придружен Текстуален опис на протегање на државната граница. Во тој дел од границата следи наведениот опис:
,,Од к. 522, граничната линија продолжува во општ правец кон исток спротиводно по безимениот поток , до место во потокот, на оклу 470 м југозападно од к.705, каде го менува општиот правец кон југоисток, го сече колскиот пат на гребенот Габреница , на оклу 530 м југозападно од к 705 , до место на колскиот пат Пелинце- Горњи Старац, на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, во должина од околу 1500 м.
Од место на колскиот пат Пелинце - Горњи Старац, на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, граничната линија се протега во општ правец кон југоисток, по колскиот пат во должина од околу 160 м , каде продолжува по водосливницата, по безимениот поток, преку утоката на безимениот поток во потокот Длибоки дол, на околу 620 м источно од к. 592, продолжува по течението на потокот Длибоки дол од утоката на потокот Длибоки дол во река Пчиња, во должина од околу 2000 м.
Од утоката на потокот Длибоки Дол во река Пчиња, граничната линија продолжува во општ правец кон североисток, по течението на река Пчиња од утоката на безимениот поток во река Пчиња, на околу 320 м југоисточно од ТТ к. 516, каде го менува општиот правец кон југоисток по безимениот поток , преку утоките на безимениот потоци, на околу 300 м североисточно од к. 586 до утоката на безимените потоци на околу 530 м југозападно од ТТ к. 637, продолжува по јужниот безимен поток и по водосливницата, до седло, на околу 410 м североистожно од ТТ к. 887(Големи уши), каде го менува општиот правец кон североисток по гребенот на Градиште, преку к. 984, ТТ к. 1211 (Китка), к. 1196 (Средњи камен), до ТТ к. 1285(Вирови) по одлжината на околу 7200 м.
Во Македонското Собрание со Закон се ратификува овој билатерален Договор на седницата одржана на 1 март 2001 година,,.
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики''
или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.
Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?
'' ,..
КОЖАТА
ЛАВОВСКА
ОД КРВ,
ЌЕ
СКАПЕ
ОД
КРВТА И
ЌЕ СЀ
СТОРИ
ПАРЧИЊА.
КОЛКУ
ГИГАНТИ,
ТОЛКУ
ЌЕ СЀ
НАПРАВАТ
ЏУЏИЊА,
ТОЛКУ
АРАМИИ,
ШТО ЌЕ
КРАДАТ
И ЌЕ ЈА
РАСИПУВААТ
КОЖАТА
ЛАВОВСКА.
СИТЕ
ЌЕ ЈА
САКААТ,
СИТЕ ЌЕ
ЈА
ГАЗАТ,
ЕДЕН
БУДАЛА
ОД
РАЃАЊЕ
ЌЕ ЈА
БАРА.
ПУРПУРОТ
ЌЕ СЕ
ИСКИНЕ
И ЌЕ СЕ
НАПРАВИ
ВАЛКАН
ОД
КРВТА И
КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА
ВОЈСКА
ЌЕ ГО
ГАЗИ
УЧЕНИОТ
ЧОВЕК, А
ЖЕНАТА
ЗА
УСРАМУВАЊЕ.
НА
ПОП ЌЕ
ГО
ДАДАТ
ПУРПУРОТ
ЗА
ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА
НА
ЖЕНАТА
ЌЕ СЕ
КОЛАТ И
ЌЕ СЕ
НАДЕВААТ
НА РAЖЕН.
СИНОТ
НА
МЕСЕЧИНАТА
ЌЕ СЕ
СМЕЕ И
ЌЕ СЕ
СМЕАТ
ДО НЕГО.
ЌЕ
МОЛАТ И
ЌЕ
ПЛАЧАТ,
СО
НОЖОТ
НА
ТАТКО
МУ, ШТО
МУ
ОСТАНА,
ЌЕ МАВАAТ
ВО
ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ
И СЕДУМ
ДЕНА ЌЕ
ПОМИНАТ
КОГА
ВИДЕЛОТО
НА
МЕСЕЧИНАТА
ЌЕ СЕ
УГАСИ И
ПУРПУРОТ
(СОНЦЕТО)
ШТО ГО
МИНУВА
СИНОТО
ВИДЕЛО
НА
НЕБОТО,
ЌЕ СЕ
ВРАТИ И
ЌЕ ГО
СТОЛИСА
ВЕКОТ.
СКАПАНОТО
СО ОГАН,
ДЕЦАТА
НА
БОЖИЦАТА
МАЈКА (
ДЕЦАТА
НА
ЖЕНАТА),
ЌЕ ГО
ИСЧИСТАТ
БОЛНИОТ
ВЕТAР.
ЗОШТО
1000
ГОДИНИ
СЀ КАКО
ДЕНОТ
ОД
ВЧЕРА.
ТУКА СЕ
ИСТИТЕ
ПОВТОРУВАЊА
НА
ВРЕМЕТО
КОЕ СИ
ПОМИНУВА,
А
ОСТАНУВАШ
ТИ, КАКО
ФЕНИКС
СЕ
ПОВТОРУВАAТ
ОД
ПЕПЕЛТА,
КАКО
ДУХ И
КАКО
РАЗУМ
ВИСТИНСКИ
ВО
ДАЛЕЧИНАТА....''
|
На ден
03 / Ma / 2009, е
конструирана
страницата
на
Македонија
é СЕ: http://www.makedonijaese.com/.
Тој ден и сé
смета за
роденден
на
организацијата
Македонија
е СЕ.
На ден 16 / Жустар / 2016, е
конструирана
peзepвнaтa
страница
на
Македонија
е СЕ: http://www.makedoniaese.com/
Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.
Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.
Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и поттик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.
|
ГАСНУВА
- АЛЕКСАНДАР
МАКЕДОНСКИ
Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ
|
НИЕ СЕ
ДЕФИНИРАМЕ
КАКО
ЉУБИТЕЛИ НА
СЛОБОДАТА
ЗА НАС
МАКЕДОНИЈА Е
СЛОБОДАТА
АКО ИМА
МАКЕДОНИЈА
ЗА НАС
ИМА И СЛОБОДА
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
МАКЕДОН ИЈА
ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ
MAKEDONIA
BACИЛEOH
МАКЕДОНОН
АЛEКCAHДРОЈ
Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.
Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.
Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.
|
|
|